Вести Свет Топ вести

(Фото) Шест лица загинаа, неколку се повредени во пожар во автобус во Швајцарија

Шест лица загинаа, а најмалку четворица се повредени во пожар во автобус што сообраќал на редовна линија во западна Швајцарија, соопшти полицијата синоќа, цитирана од ДПА.

Тројца од повредените се во критична состојба, соопшти полицијата во кантонот Фрибург. Еден вработен во брзата помош е исто така повреден за време на спасувачките операции.

Несреќата се случила во општината Керцерс, западно од главниот град Берн.

„Можно е намерни дејствија да биле причина за оваа трагедија“, соопшти полицијата, додавајќи дека пламенот можеби бил намерно запален.

Запрашан да коментира дали може да станува збор за терористички чин, портпаролот на полицијата на прес-конференција посочи дека е прерано да се каже.

Швајцарскиот весник „Блик“ цитираше очевидец кој рекол дека еден човек истурил бензин во автобусот, а потоа се самозапалил. Полицијата соопшти дека била информирана за инцидентот, но додаде дека во овој момент не може да го потврди.

Пожарникарите го изгаснаа пожарот, но автобусот беше целосно уништен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Усвоен Ребалансот на Буџетот со проектиран дефицит од 4,1% од БДП

Дејан Дејан

Четворица осомничени за трговија со дрога во Скопје

Kristina Kuzmanovski

Напнатоста на Блискиот Исток продолжува и покрај паузата во нападите

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе