Вести Македонија Топ вести

Граѓанскиот суд во Скопје ќе воведе целодневни дежурства за случаи на семејсно насилство

Граѓанскиот суд во Скопје ќе воведе целодневни дежурства за спорови кои се поврзани со семејсно насилство и изрекување на мерки за насилниците. Ваквата новина доаѓа откако јавноста реагираше на бавноста на институциите кога една жртва ќе пријави насилство. Сега Одделот за семејни спорови ќе работи 24 часа, а не како досега само во работно време на судот, како што тоа е случај со останатите предмети.

Инаку и МВР отвори внатрешна истрага за полициајците кои постапувале за пријави поврзани со насилство врз Ивана Јовановска која заедно со својата ќерка 6-годишна Катја загина по пад од балконот на зграда. Се работи за околу 10 пријави против нејзиниот сопруг Стојанче Јовановски, но засега од МВР не откриваат детали, освен дека се работи на случаите и дека кога ќе има доволно докази ќе бидат процесуирани до обвинителстовто.

Тој моментално е во притвор кој му го одреди Кривичен суд Скопје врз основа на опасност од бегство и повторување на делото. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор за Јовановски, за кого постои основано сомнение дека сторил дела: наведување и помагање во самоубиство, повреда и загрозување на безбедноста.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Усвоен Ребалансот на Буџетот со проектиран дефицит од 4,1% од БДП

Дејан Дејан

Четворица осомничени за трговија со дрога во Скопје

Kristina Kuzmanovski

Напнатоста на Блискиот Исток продолжува и покрај паузата во нападите

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе