Конфликтот на Блискиот Исток и нападите врз клучни производители на нафта и гас предизвикаа сериозни потреси на светските енергетски пазари. Неизвесноста ги зголеми цените на нафтата и гасот, а расте и побарувачката за злато како сигурно засолниште. Загрижува ситуацијата во Ормутскиот теснец, преку кој поминува околу една петтина од светската нафта, што дополнително ги засилува стравувањата од нови ценовни шокови. Конфликтот на Блискиот Исток е клучен и во однос на влијанието што го има врз глобалните патувања и глобалната трговија.
