Вести Економија Топ вести

Берзите во пламен, владата се уште анализира, кризна ќе се прогласи ако затреба

И денеска продолжува растот на цената на нафтата и на гасот, поради конфликтот на Блискиот Исток но за сега

За сега нема одлука за прогласување на кризна состојба поради случувањата на Блискиот Исток кој ја вивнаа цената на нафтата на берзите. Министерката за финансии Кочоска тврди ситуацијата се следи и во моментов тешко е да се предвиди развојот на настаните. Но, доколку Министерството за енергетика смета дека има потреба од кризна, предлогот ќе се разгледува на Влада.

  • Треба да достават предлог до Владата и откако ќе се констатира каква е состојбата дали кризна или ќе видиме законот јасно предвидува што треба да правиме ние и како министерство за финансии- Гордана Димитриеска Кочоска.

Од Министерството за енергетика пак тврдат дека во случај да дојде до појава на недостаток во снабдувањето,  домашните нафтени резерви се стабилни.

Доколку кризата потрае Кочоска вели дека секако ќе мора да се ревидираат стапките и на раст и на инфлацијата за која до пред конфликтот прогнозите беа дека ќе паѓа.

  • Ако оваа ситуација продолжи и ако почувствуваме воопшто дека работите се менуваат тогаш и ние со ребалансот проекциите ќе ги менуваме- Гордана Димитриеска Кочоска.

Дел од експертите веќе посочија –  македонската економија се уште закрепнува од претходната криза и дека не и треба нова. А ако тоа се случи просторот за мерки за ублажување на последиците е прилично стеснат. Кочоска пак лично смета се уште може да се делува, но дека е премногу рано да се прогнозира дека нешто лошо ќе се случи.

Според,  законите Министерството за финансии во случај на вонредна воена состојба предизвикана од природни или други непогоди има можност да го спушти и ДДВ то за увоз на енергенси од 18 на 10 отсто, а акцизата да  ја намали од 1, 2 до 4 денари.

Во меѓувреме додека нафтата на берзите надмина 80 долари за барел. Цената на гасот пак се зголеми за повеќе од 40 отсто, затоа што Катар го сопре производството.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе