Секретарот на иранскиот Врховен национален совет за безбедност, Али Лариџани во обраќање на иранската државна телевизија соопшти дека привремен совет, кој ќе го преземе управувањето со државата по убиството на Ајатолахот Али Хаменеи, ќе биде формиран денеска.
Според Лариџани, иранскиот закон е јасен, во случај на смрт на Ајатолахот, претседателот на државата, шефот на правосудството и еден член од Уставниот совет ќе ги преземат должностите на Ајатолахот додека не биде избран нов Врховен лидер на Иран.
