Балкан Вести Економија Топ вести

Со траекти, автобуси, автомобили трактори, грчките земјоделци на протест во Атина

Со траекти, автобуси, автомобили, но и со трактори, грчките земјоделци попладнево ќе пристигнат во Атина за да одржат протест на плоштадот Синтагма пред Парламентот.

Протестот е закажан за 16 часот по локално време, а земјоделците добија поддршка од Синдикатот на вработените во приватниот сектор, од опозициските СИРИЗА, Нова левица и Комунистичката партија, кои упатија повик за учество во собирот.

Според неофицијални информации, околу 130 земјоделци од Крит, доцна синоќа со траект тргнаа кон Атина, од континентална Грција се очекува да стигнат со автобуси, додека пак од местата што се во близина над 50 трактори со камиони ќе бидат пренесени до патарините пред влезот во грчката метропола, од каде што организирано ќе се упатат кон плоштадот Синтагма, објави МИА..

Најавите се дека тракторите во текот на ноќта ќе останат паркирани пред грчкиот Парламент и ќе си заминат утре претпладне.

Земјоделците, кои вкупно 55 дена во декември и јануари, беа на патиштата и граничните премини со поставени блокади, а минатиот месец се сретнаа со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку протестот сакаат уште еднаш да ги истакнат нивните барања, за кои сметаат дека се уште не се решени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во Шутка

Sasko Dimovski

(Видео+фото) Откорнати лимови од покриви, скршени дрвја и гранки – апокалиптични сцени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Трговската размена меѓу Македонија и Индија за пет години да биде половина милијарда долари – средба на претседателките Силјановска Давкова и Мурму во Скопје

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе