Балкан Вести Топ вести

(Видео) Загина 23-годишно момче при излетување на трамвај од шините во Сараево – повредени уште четири лица

Момче на возраст од 23 години го загубил животот во денешната сообраќајна несреќа во Сараево, кога трамвај излетал од шините.

Уште четири лица се повредени во трагичниот случај, а медиумите во Босна и Херцеговина пренесуваат дека на една 17-годишна девојка ѝ била ампутирана ногата заради здобиените повреди.

Од обвинителството во кантонот Сараево беше соопштено дека увидот за причините на несреќата која се случила во општината Центар го водат двајца обвинители, со помош на експерти кои ќе ги спроведат потребните вештачења со цел да бидат утврдени причините кои ја предизвикале трагичната несреќа.

Според снимката која ја објави порталот Дневни Аваз, трамвајот со очигледно преголема брзина влегува во кривина и излетува од шините.

Дали станува збор за човечка грешка или механички дефект, ќе треба да утврди истрагата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во Шутка

Sasko Dimovski

(Видео+фото) Откорнати лимови од покриви, скршени дрвја и гранки – апокалиптични сцени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Трговската размена меѓу Македонија и Индија за пет години да биде половина милијарда долари – средба на претседателките Силјановска Давкова и Мурму во Скопје

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе