Балкан Вести Топ вести

Висок офицер на грчкото воено воздухопловство е уапсен под обвинение за шпионажа во корист на Кина

Висок офицер на грчкото воено воздухопловство е уапсен под обвинение за шпионажа, откако наводно пренесувал строго доверливи воени информации до Кина, соопштија владини и безбедносни извори, пишува Катимерини.

Станува збор за еден од најсериозните случаи на шпионажа откриени во Грција, поврзан и со протекување информации од значење за НАТО. Според истрагата, офицерот користел специјализиран енкриптиран софтвер и уред обезбеден од кинески служби за фотографирање и испраќање класифицирани документи во странство.

Тој бил командант на ескадрила задолжена за телекомуникации и електронски системи и имал пристап до чувствителни податоци од грчките вооружени сили и сојузничките земји. Истрагата започнала откако американската ЦИА ја информирала грчката разузнавачка служба за протекување НАТО-информации кон Кина.

По апсењето во регионот Атика, осомничениот наводно признал дека бил регрутиран од кинески разузнавач и дека пренесувал податоци за пари, додека властите испитуваат дали во случајот биле вклучени и други лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во Шутка

Sasko Dimovski

(Видео+фото) Откорнати лимови од покриви, скршени дрвја и гранки – апокалиптични сцени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Трговската размена меѓу Македонија и Индија за пет години да биде половина милијарда долари – средба на претседателките Силјановска Давкова и Мурму во Скопје

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе