Балкан Вести Топ вести

Црна Гора затвори уште едно поглавје од пристапните преговорите со ЕУ

Во рамки на 25-от состанок на Меѓувладината пристапна конференција што се одржа попладнево во Брисел, Црна Гора привремено ги затвори преговорите во рамки на пристапниот процес по Поглавјето 32 – Финансиска контрола.

– Задоволна сум што денеска ја гледам Црна Гора како затвора уште едно преговарачко поглавје. Со ова достигнување, привремено се затворени вкупно 13 поглавја, што претставува значаен и видлив напредок на патот на земјата кон европска интеграција, изјави кипарската заменичка министерка за европски прашања, Марилена Рауна, која копретседаваше со Конференцијата заедно со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ.

Според Рауна, проширувањето останува стратешки геополитички приоритет за ЕУ и клучен фокус на Кипарското претседателство.

– Се надевам дека ќе можеме да одржиме уште многу пристапни конференции во наредните месеци, не само со Црна Гора, туку и со другите кандидати, додека продолжуваме да напредуваме во кредибилен процес на проширување базиран на заслуги, додаде Рауна.

На претходната Меѓувладина пристапна конференција одржана 16-ти минатиот месец, беа затворени преговорите по поглавјата 3 – Право на основање и слобода на обезбедување услуги, 4 – Слободно движење на капитал, 6 – Трговско право, 11 – Земјоделство и рурален развој и 13 – Рибарство.

Црна Гора досега ги отвори сите 33 поглавја во преговорите за пристапување кон ЕУ, а со денешното привременото има затворено 13 поглавја. Според принципите на преговорите, договорите постигнати во текот на преговорите за одредени поглавја, не се сметаат за конечни сè додека не се постигне целосен договор за сите поглавја пишува МИА.

Црна Гора се надева дека ќе го заврши преговарачкиот процес по поглавјата до крајот на 2026 година и дека ќе стане 28-ма членка на Унијата во 2028 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

СДСМ: ЕК го потврди она што го зборуваме – Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ вршат системски притисок врз судствотото

Дејан Дејан

Азески во Брисел на средба со претставници на Асоцијацијата на европски комори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе