Вести Култура Топ вести

Со „ Мајка Мара“ започна зимското издание на ревијата филмови на Мрежата фестивали на Јадранскиот регион

Со проекцијата на остварувањето „ Мајка Мара“, кое е втора филмска режија на големата српска актерка Мирјана Карановиќ, синоќа во Cineplexx започна зимското издание на ревијата филмови од Мрежата фестивали на Јадранскиот регион. Филмот „ Мајка Мара“ зборува за жена во средно доба која се соочува со загубата на синот единец и наоѓа сили да продолжи низ животот, паѓајќи во прегратките на другар на нејзиниот син. Насловната улога ја толкува Мирјана Карановиќ. Таа вели за себе дека е различна од улогата што ја игра.

-Долго време го барав вистинскиот агол од каде би можела всушност да го набљудувам  сето тоа што и се случува на таа жена. А, при тоа јас да имам некоја врска со тоа. Не, што се однесува на настаните, туку што се однесува до тоа чувство што некоја жена го има во нејзините педесетина години . Тоа е некоја врска што јас ја воспоставив. Но, таа како личност е потполно различна од мене, кажа Мирјана Карановиќ, актерка и режисерка на филмот.

Партнер на Карановиќ и е актерот Вучиќ Перовиќ, во улогата на Милан, другар на синот на Мара.

Ние навистина имавме прекрасна соработка . Јас имав сигурно многу помалку маки отколку Мира, поврзани со филмот. И мислам дека бев добро воден од нејзина страна, рече Вучиќ Перовиќ, актер.

Покрај „ Мајка Мара“ кој беше прикажан во кино, уште 5 филмови, меѓу кои е и наградуваниот „ Fiume o morte“ на режисерот Игор Безиновиќ, се бесплатно на располагање на македонската и регионалната публика, од денеска до 5 февруари на платформата ondemand.kinomeetingpoint.ba, велат од фестивалот „ Браќа Манаки“, кој е македонски претставник во Мрежата филмски фестивали на Јадранскиот регион.

-Заедно со останатите фестивали го отворивме зимското издание. Секој фестивал прикажа филм во кино сала, а останатите од утре започнуваат да се прикажуваат на платформа, рече Катерина Габунија, координатор на ИФФК „ Браќа Манаки“.

Ова е четврто зимско издание на ревијата филмови, во организација на Мрежата фестивали на Јадранскиот регион.

Сотир Трајков

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Експерти од скопски „Водовод“ ќе ја чистат гостиварската вода

Sasko Dimovski

ГОБ „8 Септември“ пријави голема материјална штета од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Трамп најави силно бомбардирање на иранскиот подземен нуклеарен објект „Копач“

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе