Француската морнарица пресретна руски танкер за нафта за кој постои сомнеж дека е дел од таканаречената „флота во сенка“ во Средоземното море, а францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека бродот е под меѓународни санкции и наводно пловел под лажно знаме.
Операцијата беше спроведена со поддршка на неколку сојузници, меѓу кои Обединетото Кралство кое одигра клучна улога, собираше и споделуваше разузнавачки информации.
Макрон нагласи дека акцијата е спроведена во целосна согласност со Конвенцијата на Обединетите нации за правото на морето и дека тоа ја демонстрира решеноста на Франција да го спроведува меѓународното право и ефикасноста на санкциите, објавува Jutarnji.hr.
Поморскиот префект за Медитеранот објасни дека пресретнувањето се случило на отворено море, помеѓу Шпанија и Северна Африка, кога товарниот танкер „Гринч“, кој испловил од Мурманск, арктичко пристаниште во Баренцовото Море, бил запрен.
Целта на операцијата била да се потврди националноста на бродот, а прегледот на документацијата ги потврдил сомнежите за автентичноста на истакнатото знаме.
Како резултат на тоа, бродот бил пренасочен од планираната рута, а случајот бил пријавен во канцеларијата на јавниот обвинител во Марсеј, кој отворил судска истрага. Танкерот во моментов е придружуван од француските поморски сили до пристаништето, каде што ќе бидат извршени дополнителни проверки.
📍Mediterranean | High sea intervention led by the French Navy to control the pavilion of an oil tanker
⚓ Rerouting at the demand of the public prosecutor – under escort by the @MarineNationale – to proceed to further inspection
🛡️ Operation conducted in cooperation with our… https://t.co/PG7ZjgoqPk pic.twitter.com/w9u2QYQBEw
— The 🇫🇷 Joint Staff – Military operations (@FrenchForces) January 22, 2026
