Вести Македонија

Со стартот на второто полугодие се очекува нов бран на грип

На Детската клиника Козле дневно се вршат околу 200 прегледи, а меѓу 70 и 80 деца остануваат на болничко лекување. Четири до пет од хоспитализираните имаат потреба од кислородна поддршка, но, како што информираат од клиниката, сите се во стабилна состојба. На клиниката се лекуваат пациенти од најмала возраст, од новороденчиња, па сè до ученици и тинејџери. Од Клиниката очекуваат зголемување на бројот на прегледи со почетокот на второто полугодие од учебната година. Директорката Бошковска апелира децата со симптоми на грип да останат дома, а во училиштата строго да се почитуваат хигиенските мерки.

„Сега ќе започне учебната година. Ние тогаш очекуваме да имаме зголемен број на прегледи. Оние деца кои киваат и кашлаат и без да имаат покачена температура да не одат на настава, затоа што децата се заразни и пред почетокот на симптомите. Инкубацијата е кратка. Доколку едно дете било во контакт со други заболени деца се очекува во наредните неколку денови и тоа да заболи од грип“, изјави д-р Катерина Бошковска, директорка на Детска клиника Козле.

Второто полугодие започнува наредната недела, а министерката за образование и наука Весна Јаневска смета дека нема потреба од негово пролонгирање, и покрај зголемениот број заболени.

„Сите училишта ќе почнат навремено, затоа што вчера од Министерство за здравство и Институтот за јавно здравје имавме препораки дека не е потребно да се одложи почетокот, бидејќи нема пречки“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Од Институтот за јавно здравје информираат дека изминатата недела се регистрирани над 2.000 случаи на грип, при што најголем дел од заболените се на возраст од 15 до 64 години. Пред два дена на Инфективната клиника почина 75-годишна жена со повеќе хронични заболувања, која не била вакцинирана.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Пукна прозорец во авион во тек на лет – патници го изв

Kristina Kuzmanovski

СДСМ: Трета економија на празни фрижидери – граѓаните не живеат од статистички извештаи, туку од платите

Дејан Дејан

Дигиталното евро доби зелено светло од ЕУ-ќе значи ли тоа нова безбедност за давателите на услуги надвор од Европа

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе