Европскиот суд за човекови права одлучи дека државата треба да му исплати 3.465 евра на екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски.
Како обвинет во предметот „Организатори на 27 април“, тој поминал шест месеци ефективен притвор и уште речиси 19 месеци куќен притвор и се жалеше на повреда на правото на слобода и безбедност.
Во одлуката на ЕСЧП стои дека по неуспешните преговори за пријателско спогодување, Владата го информирала Судот дека предложила еднострана декларација со цел решавање на прашањата покренати со овие жалби.
Адвокатот на Атанасовски вели дека за време на целата постпака укажувал дека притворот е незаконски.
