Вести Македонија Најважни

ВЛЕН: Односите со Албанија, комуникација и соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси

По денешниот состанокот на централното раководство, ВЛЕН со порака дека односите со Албанија, институционалната комуникација и меѓуалбанската соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси.

  • Албанците во Северна Македонија, Албанија, Косово и регионот имаат потреба од повеќе единство, повеќе доверба и повеќе заедничка одговорност. Токму затоа, секој обид за кодошење, лажно известување, политичко подметнување или нарушување на меѓуалбанските односи е штетен, неодговорен и спротивен на интересот на Албанците, стои во соопштението од партијата.

Гаши загрижен за инцидентот со функционерите на Влен на граница со Албанија

Сметаат дека ДУИ, во отсуство на резултати и визија, повторно се обидувал преку оркестрирани конструкции да создава недоверба, подметнувања, забуни и погрешна слика. Според ВЛЕН тоа не е патриотизам.

  • Тоа е политичка нервоза претворена во штета за заедничкиот интерес на Албанците. ВЛЕН ја почитува Амбасадата на Република Албанија како институција и ја почитува секоја институционална комуникација меѓу двете држави, независно од фактичката состојба кога поединци служат на интерси на политички групации, пишува во нивното соопштение.

Од ВЛЕН велат дека институциите се поголеми од дневната политика, а меѓудржавните и меѓуалбанските односи не смеат да се сведуваат на интересите на поединци или такви партиски групации.

Функционерите на ВРЕДИ тврдат дека не им бил забранет влез во Албанија, МНР сепак регирало

Потенцираат дека ќе продолжат со одговорна, достоинствена и институционална комуникација со Албанија, во интерес на Албанците, во интерес на граѓаните и во интерес на стабилноста во регионот.

Но и дека ќе бидат принципиелни и праведни и нема да дозволат политичките интереси на поединци да бидат позначајни од интересите на Албанците.

На тројца функционери на ВЛЕН не им бил дозволен влез во Албанија, од граница вратени и други активисти и членови на партијата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе