На Европското првенство во ватерполо што се одржува во Белград вечерва заврши првата фаза од натпреварувањето.
Во дербито на денот Грција ја совлада Хрватска со 11:10 и го освои првото место во групата што значи и полесен пат до пласман меѓу четирите најдобри на турнирот.
Во мечот кој решаваше кој ќе се пласира во втората фаза од шампионатот Грузија триумфираше над Словенија со 22:11.
Во Д конкуренцијата, Италија забележа победа над Романија со 20:6 и супериорно го освои првото место во групата додека Турција во неизвесна завршница славеше над Словачка со 17:16 и влез во следната рунда од првенството.
ФОТО: Игор Паневски







































