Во Топ Тема вечерва дебата со пратениците: Миле Лефков, ВМРО- ДПМНЕ, Фатмир Битиќи, СДСМ и Илир Хасани, ДУИ.
На прашањето дали може беше погрешна одлуката на лидерот на СДСМ Филипче да не учествува на денешната лидерска срдба, Битиќи одговори дека на средбата се видел „суфицит на немаше желби за промени“.
Тој потсети дека Пржинската влада во 2016, била важна за тогашните избори, а во 2018 била побарана од Мицкоски, како тогашен лидер на ВМРО – ДПМНЕ да остане и на наредните избори.
- Лидерот на СДСМ веќе иницираше лидерска средна и се одржа една од каде произлезе и Законот за енергетика, но веднаш во Собранието, ВМРО – ДПМНЕ побара измени, рече Битиќи.
Според него лидерските средби треба да бидат места за дискусија на вистинските проблеми, каде вонинституционално ќе се решаваат проблемите, а реформската агенда требало да биде на прво место. „Изминатите 18 месеци не прераснаа во градење на доверба“, рече Битиќи.
На ова реплицираше пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Миле Лефков, кој праша дали оставањето на празно столче е начин на градење на доверба.
Лефков нагласи дека за разлика од претходните лидерски средби, кои се одржувале поради конкретни политички причини, оваа средба има за цел да отвори суштински дијалог меѓу сите политички чинители кои се чувствуваат одговорни за иднината на државата, со фокус на стабилноста, институционалната доверба и политичката зрелост.
- „И во минатото сме имале лидерски средби, меѓутоа тие лидерски средби се одржувале поради една, друга или трета причина. Оваа лидерска средба доаѓа по иницијатива на претседателот на Владата, на премиерот Христијан Мицкоски и е за градење на заеднички ставови, токму за реформската агенда, оние закони коишто се важни за исполнување на патокзаот кон ЕУ, за да можеме да седнеме на заедничка маса сите политички чинители коишто себе се доживуваат како одговорни политички субјекти во државата и се загрижени за иднината да можеме да формулираме заеднички ставови и начин на којшто ќе одиме нанапред“, истакна Лефков.
Прашан Илир Хасани од ДУИ од лидерската на која учествуваше Али Ахмети претставува тивка хармонизација на односите со ВМРО – ДПМНЕ, тој рече дека „масата е место каде треба да се дискутира“, а денеска на лидерската немало ништо конструктивно за да се седне да се разговара на маса.
- „Ние позитивно одговоривме на поканата на Мицкоски после два долги состаноци во партијата, по што беше понесена одлука да присуствуваме и да ги поставиме нашите барања. На Конгресот, рече Хасани, ДУИ излезе со четири резолуции:
- Евроинтегративните процеси;
- Избор на Влада по Бадинтер;
- Гласање во Уставниот суд по Батинтер за закони кои се изгласани по Бадинтер;
- Национален договор за унапредување и развој на државата.
За овие точки дополнително е договорено да се разговара на тет-а-тет средба меѓу Ахмети и Мицкоски“, истакна Хасани во вешерашната Топ Тема на Телма.
