Aјатолахот Али Хамнеи, е погребан во најсветиот храм во земјата, соопштија државните медиуми голем број на граѓани се собраа на неговoто испраќање, а неговиот син, наследникот Моџтаба Хамнеи сè уште е скриен од јавноста.

Погребот во Машад во североисточен Иран се одржа по една недела масовни погребни поворки.
Хамнеи беше убиен во првите напади по почетокот на американско-израелската војна против Иран на 28 февруари.

За Иранците и светот останува мистерија каде се наоѓа неговиот син Моџтаба Хамнеи, кој беше избран за нов врховен водач во март, но не е виден во јавност откако почна војната Иран-САД.
