Вчера (09.07.2026) во 22:20 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода П.Ј.(38) и Д.Р.(28), двајцата од Скопје.
Полицијата при извршен претрес во домот на П.Ј., на подрачјето на Кисела Вода, пронашла бела грутчеста материја, марихуана, дигитална вага и пари, кои се одземени.
Таму бил затекнат и Д.Р. кој исто така е приведен.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
