Министерот за транспорт, Александар Николоски, изрази голем оптимизам по посетата на мисијата на УНЕСКО, истакнувајќи дека државата води силна битка за заштита на охридскиот регион. Тој најави дека постои голема можност да се избегне ставањето на регионот на листата на „загрозено светско наследство“, а во однос на изградбата на автопатот, порача дека дилемата повеќе не е дали, туку како ќе се реализира проектот.
– Мислам дека е многу, многу значајно што успеавме да донесеме преку 10 амбасадори на земји-членки на унеско. Тие се тие кои што гласаат, а да ја посетат нашата држава. Има генерално собрание во Кореја во Јужна Кореја, којашто се одржува веќе следната недела, почнува да се одржува. Таму работите ќе се појасни. Во однос на најкритичната точка, а тоа е дали ќе оди охридскиот регион како загрозено подрачје, не сакам прерано дадам изјави, но мислам дека ќе успееме да го избегнеме тоа. А во однос претпоставувам ве интересира изградбата на автопатот. Веќе не е прашање дали ќе се гради автопатот. Тоа беше прашање пред да дојдат имаше одредени размислувања целосно се забрани. Сега е само прашање да се одбере трасата и тоа е веќе многу попозитивно затоа што дали тие еден километар полево или подесно. На крајот на денот ќе се реализира, така што сум многу, многу поголем оптимист после завршувањето на мисијата која што не посети – Александар Николоски, министер за транспорт.
