Вести Македонија

Девојче од Кавадарци почина по пад од лулашка во Гостивар, обвинителство нареди обдукција

Mалолетничка од Кавадарци почина по пад од лулашка во Гостивар. 14 годишното девојче по падот била пренесенo  во Медицинскиот центар во Гостивар каде дежурен лекар констатирал смрт. Трагдијата се случила во 20:55 часот

Во 20:20 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар.

Според пријавеното, малолетничката паднала од лулашка во паркот во Гостивар, по што била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар, каде во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт. Известен е јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција, соопшти СВР Тетово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 загинати и 19 исчезнати во голем шумски пожар во Шпанија

Дејан Дејан

Судење „ИПАРД“: Преслушување телефонски разговори меѓу обвинетите 

Дејан Дејан

Николоски оптимист дека ќе се избегнува статусот „загрозено подрачје“ за Охрид, автопатот ќе се гради

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе