Вести Економија Македонија

(Фото) Граната од Првата светска војна тешка 45 килограми пронајдена во коритото на Вардар

Дирекцијата за заштита и спасување  соопшти дека успешно отстраниле неексплодирана артилериска граната од 155 милиметри, тешка околу 45 килограми, од Првата светска војна.

 

Поради непристапниот терен и локација на неексплодираното убојно средство во коритото на реката Вардар, интервенцијата беше реализирана во сложени услови.

Со логистичка поддршка од Територијалната противпожарна единица – ТППЕ Неготино, којашто обезбеди чамец за пристап до локацијата, а пиротехничарот на ДЗС безбедно ја извлече гранатата, по што таа беше транспортирана и обезбедена до нејзиното конечно уништување на Армискиот полигон ‘Криволак’, велат од ДЗС.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 загинати и 19 исчезнати во голем шумски пожар во Шпанија

Дејан Дејан

Судење „ИПАРД“: Преслушување телефонски разговори меѓу обвинетите 

Дејан Дејан

Девојче од Кавадарци почина по пад од лулашка во Гостивар, обвинителство нареди обдукција

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе