Вести Свет

11 загинати и 19 исчезнати во голем шумски пожар во Шпанија

Страотна огнена стихија бргу се рашири во јужна Шпанија, убивајќи најмалку 11 луѓе, додека уште 19 луѓе засега се водат како исчезнати.

Станува збор за еден од најсмртоносните шумски пожари во историјата на земјата, која е под удар на екстремно високи температури.

Пожарот прво избувнал покрај мало населено место, во близина на планинскиот масив Сиера де лос Филабрес.

Снимките објавени од регионалната влада на Андалузија покажуваат пожарникари како се борат со огнената стихија во Ел Пинар, во подножјето на планината, во обид да ги спречат пламените јазици да ги зафатат блиските куќи.

„Го браниме соседството во Пинар. Насекаде има секундарни пожари. Ја браниме првата куќа“ – пренесе пожарникар кој беше во првата линија на одбрана од пожарот.

Властите сè уште официјално не ја потврдиле причината за огнената стихија, но соопштија дека лицата кои први го пријавиле рекле дека паднат електричен вод го предизвикал пожарот, кој бргу се проширил во блиската шума.

Брзината на ширењето на пожарот го шокирала и луѓето во зафатениот регион. Според локалните медиуми, неколку од жртвите во пожарот во провинцијата Алмерија биле пронајдени во целосно изгорени автомобили.

Уште осум луѓе се повредени во огнената стихија, против која денеска се борат 150 пожарникари и 220 припадници на шпанската воена единица за итни случаи.

Регионалните власти пренесоа и дека најмалку четири од жртвите се британски државјани.

Заради пожарот, затворени биле и патиштата во регионот а околу 1000 луѓе биле евакуирани, соопштија службите за итни случаи.

Шпанија во последните години се соочува со сè почести и поинтензивни топлотни бранови, при што температурите често надминуваат 40°C целзиусови.

Силниот ветер, високите температури и недостигот од врнежи придонесуваат малите шумски пожари брзо да прераснат во неконтролирани огнени стихии.

Н.И

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судење „ИПАРД“: Преслушување телефонски разговори меѓу обвинетите 

Дејан Дејан

Девојче од Кавадарци почина по пад од лулашка во Гостивар, обвинителство нареди обдукција

Kristina Kuzmanovski

Николоски оптимист дека ќе се избегнува статусот „загрозено подрачје“ за Охрид, автопатот ќе се гради

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе