Вести Македонија

Текстилната индустрија пред нова тешка година

Текстилната индустрија ја очекува потешка година, бидејќи се намалени нарачките, а странските партнери, поради ниските трошоци, се префрлија во Бангладеш и други земји на Далечниот Исток, е оценката на Ангел Димитров од Организација на работодавачи. Димитров забележува дека македонскиот текстил ја изгуби својата конкурентска способност во однос на земјите на Далечниот Исток, каде што платите на работниците се 150 долари, иако продуктивноста на македонските работици е повисока за 30%, но платите во Македонија се повисоки за 300%.

Димитров посочува дека на македонската текстилна индустрија потребна ѝ е помош од државата, но како што вели свесни се за ограничените можности, бидејќи македонските фондови се празни. Една од мерките кои ќе ја бараат од Владата и ќе биде предложена и на Економско-социјалниот совет е повторно враќање на пазарот на девизи во земјата.

„Евентуално некое мало решение би помогнало кога би се пуштил пазарот на девизи во Македонија, да ние сами си ги продаваме девизите, а не банките да ни ги земаат по некој официјален курс со што заработуваат од продажбата на девизите. Такво решение имаше пред 10-15 години, не знам зошто се укина“, вели Димитров.

Според проценките на бизнис секторот, во текстилната индуструија се бележи најголем пад на бројот на вработени и во оваа индустрија останаа да работат 20.000 работници, а лани беа затворени десетина конфекции и тоа речиси сите во источна Македонија.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ презеде мерки за да ја принуди Бугарија да го намали прекумерниот долг

Sasko Dimovski

Кој се фалел дека ќе земе паричка, а кој барал половина од 30.000 евра – телефонски разговори на обвинетите се слушаа на судењето за ИПАРД

Дејан Дејан

Наместо договор, партиите и денеска со исти обвинувања за Изборниот законик – крајниот рок за носење на законот е 15 јули

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе