Вести Македонија

Калевски: Загадувањето е резултат на корумпираноста во земјата

Загадувањето, би рекол, е резултат на корумпираноста во земјата, смета Марјан Калевски од „Зелен хуман град“ во денешмната дебата во „Директно“ на ТВ Телма.

„Македонија е на трето место меѓу најкорумпираните земји во Европа, пред нас се само Србија и БиХ. И кога ќе се земе предвид географската местоположба и начинот на кој што се лоцирани градовите, за жал, доаѓаме до ситуција во која загадувањето е огромно. Нема никаква контрола на индустријата“, вели Калевски.

Како причина ги посочи и јавните институции, како болници, градинки, основни и средни училишта од кои, вели, голем број користат фосилни горива за загревање на просториите.

„Тоа е срамно да се дозволи и би рекол со години да се провлекува, а да не се преземаат никакви сериозни чекори за замена на начинот на затоплување на нивните простории. Исто така има и огромне број на мали индустриски погони кои што воопшто не се контролирани. Или работат на диво или не се впишани во регистарот на А и Б интегрирани дозволи што треба да имаат. Дел од проблемот се и домаќинствата, но е апсолутна невистина дека домаќинствата се најголем и единствен проблем за загадувањето во Македонија“, истакна Калевски.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ презеде мерки за да ја принуди Бугарија да го намали прекумерниот долг

Sasko Dimovski

Кој се фалел дека ќе земе паричка, а кој барал половина од 30.000 евра – телефонски разговори на обвинетите се слушаа на судењето за ИПАРД

Дејан Дејан

Наместо договор, партиите и денеска со исти обвинувања за Изборниот законик – крајниот рок за носење на законот е 15 јули

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе