Балкан Вести

Радев ќе му го врачи мандатот на ГЕРБ-СДС, Борисов најави дека веднаш ќе го врати

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе му го врачи мандатот за состав на влада на кандидатот за премиер посочен од најголемата парламентарна група во 51-вото Народно собрание – ГЕРБ-СДС, соопшти прес-службата на шефот на државата. И покрај ова, лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, веќе најави дека неговата формација веднаш ќе го врати мандатот.

– Ќе го земеме и ќе го вратиме мандатот, но ве предупредувам дека хаосот ќе биде уште поголем, а омразата меѓу партиите ќе порасне, бидејќи во моментов нема политичка класа со која може да се постигне договор, изјави Борисов во петокот.

Радев спроведе консултации со партиите кон крајот на минатата година по оставката на кабинетот на Росен Жељазков, потсетува БТА. Тој нагласи дека го врачува мандатот сега бидејќи партиите јасно ставиле до знаење дека не гледаат повеќе „живот“ во сегашниот парламентарен состав. Радев изрази надеж дека пратениците ќе ги исполнат ветувањата за законски измени со кои ќе се намали субјективноста при броењето на гласовите, со цел да се подигне довербата кај гласачите пред претстојниот изборен циклус.

Според бугарскиот Устав, доколку првиот мандатар не предложи состав на Министерски совет во рок од седум дена, претседателот го доверува мандатот на втората по големина група, а доколку и тоа не успее, на трета партија по негов избор. Доколку не се постигне согласност, се назначува преодна влада и се закажуваат нови избори во рок од два месеци.

Речиси сите партии во парламентот, вклучувајќи ги „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“, „Преродба“, „ДПС – Ново почеток“, БСП и другите помали формации, веќе се изјаснија дека нови избори се единственото решение. Дел од партиите дури го нарекоа сегашниот состав на Собранието „апсолутно нелегитимен“. Ова ќе бидат осми по ред парламентарни избори во Бугарија од 2021 година наваму.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе