На споменикот на загинатите венци положија министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
Хеликоптерот падна кај Блаце додека припадниците на АРМ се враќаа од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина.
Истрагите кои ги водеше обвинителството утврдија пропусти на загинатите пилоти, но и покрај противењето на роднините за пропустите во армиските редови- никој не беше обвинет или повикан на одговорност.
Во несреќата загинаа потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ и Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељаноски.
