Вести Македонија Топ вести

Арлинда Кадри Шахиновиќ и Сузана Јошевска Анастасовска нови членови на Судскиот совет

Професорката Арлинда Кадри Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска се избрани за нови членови на Судскиот совет од страна на Собранието. Тие беа предложени од претседателката Гордана Сиљановска Давкова и треба да ги пополнат испразнетите места на Весна Дамева и Милјазим Мустафа чиј мандат заврши.

Сиљановска Давкова образложувајќи ги нејзините предлози пред пратениците порача дека идејата и била со нови профили на личности да се реформира Судскиот совет и да се зголеми довербата во судството.  Двете кандидатки не ги избрала пред се дека се жени, туку поради нивната стручност и компетентност.

Од Кадри Шахиновиќ, претседателката смета дека може да се очекува посветеност, ангажман во границите на правото и поделбата на власта, како и одбрана на независноста на судството.

„Верувам дека она што самата го тврди, спремноста за одговорн, совесно и непристраност изввршување на функцијата во Судски совет дека ќе ја реализира“, рече претседателката.

За Јошевска Анастасовска се определила поради нејзиното искуство и досегашна работа, како и нејзината препознатливост во јавниот простор.

„Ако сакаме да го реформираме судството мораме да почнеме од органот кој што оценува, мери, евалуира и одлучува судии. Мислам дека таа е способна да го направи тоа“, додаде Сиљановска Давкова.

Дилеми за предложените имиња и искреноста на целиот процес имаа од пратеничката група на ДУИ бидејќи дејствувањата на Сиљановска Давкова биле во линија со политиката на ВМРО-ДПМНЕ, која пак предлагала интерпелација на членови на Судски совет со цел тие да бидат тргнати и заменети со послушници.

Претседателот на Судски совет, Александар Камбовски изјави дека не се сомнева во изборот на претседателката и дека одбрала вистински професионалци.

„Претседателката е пред се правник, професор и не се сомневам во нејзиниот избор и верувам дека избрала вистински професионалци кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет, секако ако ја добијат довербата од Собранието“, посочи Камбовски. 

Јошевска е адвокатка повеќе од две децении и е дел од јавните дебати за состојбите во правосудството. Шахиновиќ е вонредна професорка на приватниот МИТ Универзитет во Скопје и беше дел и од првата комисија за помилување на претседателката Силјановска.

Марија Митевска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе