OJO Скопје соопшти дека повело постапка против едно лице осомничено за дело – телесна повреда од Кривичниот законик.
Осомничениот 41-годишен маж од Велес, со непријавено престојувалиште во Скопје, со умисла телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка.
Додека жртвата се подготвувала да ја однесе во градинка нивната ќерка, тој најпрво започнал вербална расправија а потоа со лажица за облекување чевли, во повеќе наврати ја удрил во пределот на главата.
Жртвата потоа се повлекла во спалната соба, каде осомничениот насилно ја турнал на креветот, го зел нејзиниот мобилен телефон и го фрлил на под, почнал да ја плука по лицето и со неколку удари со бокс во главата и телото и и нанел телесни повреди – контузија и хематоми.
Заради обезбедување присуство на осомничениот во текот на кривичната постапка и за заштита од понатамошно насилство кон оштетената јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил и предлог за определување мерка притвор.
