Вести Локални избори 2025 Македонија

ДИК: До 19 часот од 248 болни или немоќни лица, гласале 242 лица

Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија до 19.00 часот, од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено поправните установи, гласале 45 лица.

Од вкупно пријавени 248 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, до 19.00, правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. 2 лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово и Ростуше, 31 лице во Врапчиште и 143 лица во Гостивар.

Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности.

Во четирите општини Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа не беше постигнат цензусот односно не беше исполнет минималниот праг на излезност на гласачите од 33,33% или една третина од запишаните избирачи.

Во случајот со овие повторени избори, не е потребна излезност од една третина на гласачите, туку за да се избере градоначалник треба за еден од кандидатите да гласаат повеќе од половината од излезените избирачи, вклучувајќи ја и Центар Жупа каде што има само еден кандидат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе се изгаснат ли цигарите во кафулиња и на дел од јавниот простор од 1 август?

Sasko Dimovski

Обвинителството нареди обдукција и испитување на сведоци за да се утврди како почина 14 год. девојче во парк во Гостивар

Дејан Дејан

Единство и соработка наместо конструкции и инсинуации – силни политички реакции по инцидентот на Ќафасан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе