ПРЕМИНУВАЊЕ НА АТЛАНТИКОТ е базирана на неверојатната вистинска приказна за напорите на норвешката престолонаследничка Марта да ѝ помогне на својата земја во нејзиниот најтежок период во модерната историја – Втората светска војна. По брзото бегство од нацистите, таа беше принудена да се раздели од сопругот и да го премине Атлантскиот Океан во потрага по засолниште во Соединетите Американски Држави. Таму, набргу се најде вклучена во однос со најмоќниот човек на светот – претседателот на САД, Френклин Д. Рузвелт.
Престолонаследничката сфаќа дека може да влијае врз светската политика и излегува од својот претерано заштитен начин на живот. Низ големи искушенија и предизвици, таа се развива и станува невидлива, но значајна личност на моќ зад сцената на политичкиот живот во Вашингтон.
ПРЕМИНУВАЊЕ НА АТЛАНТИКОТ е инспиративна приказна за будење, трансформација, ослободување и личен раст. Приказна за војна и љубов.
