Вести Македонија

Со симптоми на труење во Гостивар жители се уште бараат лекарска помош

И денеска гостиварци со симптоми на труење доаѓаа во болницата да побараат лекарска помош. Граѓаните што ги затекнавме во болницата велат дека симптомите ги имаат со денови.

Дел од нив тврдат дека воопшто не пиеле вода од градскиот водовод, додека други се сомневаат дека причината за заразата е нешто сосема друго.

Здравствените власти соопштија дека бројот на пациенти се намалува, иако денешните податоци се уште не се обработени. Вчера, лекарска помош побарале вкупно 564 пациенти.

Предпладнево, мала група луѓе дојдоа пред Јавното комунално на протест, барајќи одговорност од надлежните за, како што велат, долгогодишните проблеми со квалитетот на водата. Бараат безбедна вода за пиење.

За првпат пред јавноста се обрати и градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани. Вели дека не чувствува одговорност и дека локалната самоуправа ги презела сите мерки што биле во нејзина надлежност.

  • Искрено јас не чувствувам морална одговорност. Затоа што јавното претпријатие е правно лице. Кое менаџира и работи во тој поглед. Инаку граѓаните од Гостивар тие што ме знаат, докплку беше поинаку сигурно првата оставка ќе дојдеше од мене, изјави Лимани.

Епидемија во Гостивар беше прогласена вчера, откако во изминатите денови голем број граѓани побараа лекарска помош поради стомачни тегоби. Институтот за јавно здравје изврши анализа на мостри од водата, при што беа утврдени отстапувања од пропишаните параметри.

И натаму останува забраната за користење на водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна. Досега, лекарска помош поради стомачни тегоби побарале повеќе од две илјади луѓе.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Џеј Ди Венс и неговата сопруга Уша добија син, прво бебе за актуелeн потпретседател на САД по 156 години

Kristina Kuzmanovski

Велика Британија има нов премиер, Бернам најави нов политички и економски модел

Kristina Kuzmanovski

Претседателката на Индија во историска посета на Македонија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе