Вести Македонија

Претседателката на Индија во историска посета на Македонија

Претседателката на Индија Драупади Мурму денеска пристигнува во официјална посета на Република Македонија, во рамки на нејзината европска турнеја која ги опфаќа и Молдавија и Романија.

Посетата има историско значење, бидејќи станува збор за прва официјална посета на индиски претседател на Македонија од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

За време на престојот во Скопје, се очекува Мурму да се сретне со државниот врв, при што во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералната соработка, економските односи, трговијата, инвестициите, информатичката технологија, образованието и науката.

Драупади Мурму е претседателка на Индија од јули 2022 година и е 15-ти претседател на најнаселената демократија во светот.

Таа  има значајна улога во претставувањето на земјата на меѓународната сцена и во промовирањето на индиската дипломатија.

Нејзините странски посети се насочени кон продлабочување на политичките и економските партнерства, особено со земјите од Европа, Африка и Азија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пијан превезувал дигалка од 2,5 метри на товарно возило, а немал ни одобрение за превоз

Sonja Petrusevska

Не чувствувам морална одговорност, ако ситуацијата беше поинаква првата оставка ќе беше од мене – вели градоначалникот на Гостивар

Sonja Petrusevska

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во болницата и здравствениот дом во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе