Вести Свет

Велика Британија има нов премиер, Бернам најави нов политички и економски модел

Новиот британски премиер, лидерот на лабуристите Ендру Бернам денеска изјави дека британските политичари мора да бидат подобри, а на Велика Британија и треба нов политички и економски модел.

Знам дека луѓето кај нас се презаситени од политиката. Ве слушам и сакам да бидам искрен, не бевме доволно добри и треба да бидеме подобри … Британија во 80-тите години направи неколку погрешни свртувања. Политичката моќ беше централизирана, економската моќ приватизирана, големи делови од земјата индустријализирани и сè уште не заздравиле. Многумина чувствуваат како и понатаму да се во пад и немаат моќ да ги свртат работите. И затоа ќе ја промениме политиката, ќе ја направиме поколаборативна, повеќе насочена кон решавање проблеми отколку за освојување поени, наведе Бернам во првиот премиерски говор.

Тој најави намалување на моќта на владата во Лондон и делигирање на ингеренциите на локалните власти.

Бернам, исто така најави и дека неговата влада ќе изгради нова економија со посилна јавна контрола врз основните животни потреби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката на Индија во историска посета на Македонија

Kristina Kuzmanovski

Пијан превезувал дигалка на товарно возило, уапсен е утринава на автопатот Скопје – Велес

Sonja Petrusevska

Не чувствувам морална одговорност, ако ситуацијата беше поинаква првата оставка ќе беше од мене – вели градоначалникот на Гостивар

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе