Вести Свет

Мадани највува апсење на Нетањаху, Трамп со порака никој не смее да го уапси

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен за време на неговата посета на Соединетите Американски Држави. реагирајќи на неодамнешните изјави на градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани кој рече дека неговата канцеларија ја разгледува можноста за апсење на израелскиот премиер за време на неговиот престој во Њујорк.

Сепак Трамп порача дека Нетанјаху „нема да биде уапсен, на никаков начин и во ниту една форма“, додека престојува во САД. Тој додаде дека израелскиот премиер се бори против Иран, изнесувајќи и обвинувања на сметка на иранските власти.

Во 2024 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Бенјамин Нетанјаху и на поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант поради наводни воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со војната во Газа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Рајанер“: Не е дефект, прозорецот на авионот бил оштетен од надворешен предмет

Kristina Kuzmanovski

На грчките плажи: Ако немате спасувачки елек на SUP даска казна 250 евра

Kristina Kuzmanovski

Жителите на Гостивар на протест, бараат безбедна вода за пиење

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе