Казна од 250 евра добиле туристи на островот Лимнос во Грција, откако биле затекнати како користат SUP-даска без задолжителен спасувачки елек.
Според важечките грчки прописи, секој што користи SUP-даска мора да носи спасувачки елек.
Покрај елекот, правилата предвидуваат и други ограничувања:
- SUP-даска не смеат да користат лица помлади од 14 години, ниту лица кои не знаат да пливаат;
- пловењето е дозволено само преку ден;
- не смее да се оддалечувате повеќе од 500 метри од брегот;
- користењето е дозволено само при поволни временски услови;
- на стандардна SUP-даска е дозволено да се вози само едно лице;
- корисниците се должни да не ги загрозуваат капачите и останатите лица во водата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
