Вести Македонија Топ вести

Филипче не оди на лидерска, ги убедува и другите да не одат

Техничката влада е единствената гаранција за фер избори и затоа мора да остане, го повтори својот став, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој нема намера да оди на лидерската средба што се очекува да биде закажана од премиерот. Тврди дека Мицкоски е во тесно, му се брза и бара алиби за распишување избори. На тие што ќе одат на средбата им порача дека со присуството ќе ѝ дадат легитимитет на владата и нејзината погрешна политика.

„Кој оди на состанокот инициран од Мицкоски, тој е поддржувач на изолацијата на земјата и дава легитимитет на сите антирежимски политики и, што е најлошо, дава легитимитет на криминалот и корупцијата“, изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Како дополнителен аргумент, зошто треба да остане техничката влада пред избори, Филипче ја наведе можноста опозициски министри да влезат во институциите и да спречат злоупотреби. Ова, според него, добива и нова димензија во услови на масовен дигитален надзор преку „Safe City“, затоа што техничкиот министер ќе биде гаранција дека овој систем нема да се злоупотребува пред избори.

За ВМРО ДПМНЕ, одбивањето е доказ дека СДСМ не ги интересира реформската агенда за ЕУ и дека тоа им е само „пропаганда за гола политика“.

„Венко Филипче не одбива само лидерска средба, одбива дијалог и подадена рака за градење политички консензус за државните интереси, затоа што таму ќе се разговара и за законите кои се дел од реформската агенда за ЕУ. На Македонија не ѝ треба ваква опозиција, која е против сè, само за да биде против. Време е Филипче да се надмине себеси, затоа што државата има потреба од одговорни и сериозни политичари“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Засега потврда за учество на лидерската средба има само од владејачките партии. Од ДУИ сè уште ја чекаат поканата, по што ќе одлучат дали ќе присуствуваат.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителството нареди обдукција и испитување на сведоци за да се утврди како почина 14годишното девојче во Гостивар

Дејан Дејан

Единство и соработка наместо конструкции и инсинуации – силни политички реакции по инцидентот на Ќафасан

Sasko Dimovski

Закопани пет грла овци во Соколарци – угинаа од сипаници

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе