Балкан Вести Најважни Свет

Земјоделците во цела Грција од денеска до петок нема да ги блокираат автопатиштата и граничните премини

Земјоделците во цела Грција од денеска до петок нема да ги блокираат автопатиштата и граничните премин, со што сообраќајот овие три дена ќе се одвива непречено со цел да се олесни патувањето на граѓаните за Нова година, додека пак в недела, на состанок ќе се донесат одлуки за следните чекори.

Граничниот премин Евзони кон нашата земја што во изминатите четири дена, заклучно со вчера, грчките земјоделци го блокираа од 12 до 16 и од 18 до 22 часот по локално време, до петок ќе остане отворен, иако тракторите и понатаму ќе бидат паркирани на границата, но нема да го попречуваат сообраќајот

Земјоделците остануваат на нивните блокови, тракторите остануваат паркирани низ цела Грција, во една коловозна лента без да го блокираат сообраќајот и како и што најавија земјоделците на почетокот на нивните протести, дека ако е потребно Божиќ и Нова година ќе прослават на блокадите.

Во недела напладне кај патарината Малгара во близина на Солун ќе се одржи состанок на кој ќе присуствуваат претставници од сите блокови во Грција и ќе се одредат следните чекори.

Протестите на земјоделците траат веќе еден месец, започнаа на 30 ноември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Москва прогласи двајца италијански дипломати за непожелни откако Италија протера руски аташеа под сомнение за шпионажа

Sonja Petrusevska

Граѓаните штедат, ама и се задолжуваат

Sonja Petrusevska

Владин заклучок без ефект, институциите и натаму со милионски долгови за струја и парно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе