Вести Македонија

Тетово доби излез кон Порој и Јажинце – отворен проширениот булевар „Видое Смилевски-Бато“

Со сечење на лента и свеченост, вечерва беше пуштен во употреба проширениот булевар „Видое Смилевски-Бато“ од касараната во Тетово до селото Порој. Првата делница од околу 650 метри, од касарната во правец кон Порој, беше завршено на почетокот на април 2025 година. Во текот на овие девет месеци се работеше на преостанатиот дел до Порој, со што булеварот се приклучува кон регионалниот пат Тетово – Јажинце.

„Го промовираме продолжувањето на булеварот „Видое Смилески Бато“ кон Порој, Џепчиште и Теарце, со должина од 1.450 метри и ширина од над 12 метри во делот со две коловозни ленти. Вкупната површина на зафатот изнесува 15.330 м²“, истакна градоначалникот Биљал Касами на свеченоста. 

За градењето на оваа делница се потрошени 84 милиони денари или 1.365.000 милиони евра.

„Не само што пробивме булевар каде што немаше пат, туку го направивме со сите европски стандарди. Со тротоар широк 2 метри, со јавно осветлување по целата должина на патот и со атмосферска канализација. Инвестиција од речиси 84 милиони денари, за поврзување на овој дел од градот со модерна инфраструктура“, рече Касами.

Ова е трето продолжување на булеварот. Прво се продолжи од крстосницата со улицата „Борис Кидрич“ до касарната во должина од околу 671 метар. Ова продолжување се градеше во период од февруари 2020 до април 2021 година кога градоначалничка беше Теута Арифи, а средствата беа од Светска Банка.

Фото: facebook/Општина Тетово

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Техеран без коментар за наводниот план за атентат кон Трамп – денес двете страни во нова рунда преговори во Оман

Tea Dimkovska

Министерството за култура и туризам го укина конкурсот за кофинансирање странски издавачи за објави на преводи од македонски автори

Tea Dimkovska

Партиските надмудрувања го „глават“ донесувањето на новиот Изборен законик

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе