Партијата на премиерот Албин Курти победи на вчерашните парламентарни избори во Косово, а прелиминарните официјални резултати сугерираат дека освоила близу 50 отсто од гласовите, што потенцијално би можело да го прекине политичкиот застој кој ја парализираше земјата.
Централната изборна комисија објави дека партијата „Самоопределување“ освоила 49,79 отсто од гласовите откако беа пребројани ливчињата на околу 95 отсто од избирачките места. Демократската партија на Косово (ПДК) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) го зазедоа второто и третото место со 21,18 отсто, односно 13,77 отсто, додаде комисијата.
– Мораме да дејствуваме што е можно побрзо за да ги воспоставиме институциите, изјави Курти по објавувањето на прелиминарните резултати. Притоа, тој ги повика опозициските партии на соработка во парламентот „во интерес на граѓаните и народот“ на Косово.
