Вести Македонија Топ вести

Претседателката побара национален консензус и гаранции од ЕУ и од Бугарија

Национален консензус и гаранции за евроинтеграцијата на државата, побара претседателката Сиљановска -Давкова во своето годишно обраќање во Собранието. Упати повик за обединување околу стратешките цели на државата, нагласувајќи дека евроинтеграцијата не е само административен процес, туку политички предизвик кој бара јасни гаранции од Европската Унија и од Бугарија.

На самиот почеток на својот говор, претседателката се осврна на најболниот настан во изминатата година – трагедијата во Кочани, во која загинаа 63 лица. Потенцираше дека претстојниот судски процес ќе биде лакмус-тест за довербата во правосудството и за владеењето на правото.

Во обраќањето беа опфатени и други клучни теми: реформите во јавната администрација, иселувањето на младите, заштитата на животната средина, борбата против фемицидот, потребата од нулта толеранција кон корупцијата и реформи во судскиот систем.

Во говорот, Сиљановска-Давкова се осврна и на прекумерната урбанизација и загадувањето, заштитата на водите и шумите, борбата против фемицидот, кој го нарече „системски неуспех“ и побара нулта толеранција. Таа потсети дека функцијата на претседател не смее да разделува, туку да обединува, и најави конкретни чекори за зајакнување на институциите и правната држава.

На нејзиното годишното обраќање присуствуваа премиерот, претседателите на Уставниот суд и на МАНУ, гувернерот на Народна банка, поглаварите на верските заедници, претставници на судската власт, како и дипломатскиот кор.

Далиборка Демјанска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Романец се загубил на Матка па бил пронајден од ЦУК

Tea Dimkovska

Бизнисмен од Мајами баран во Албанија поради наводно перење пари е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде зетот на Трамп Кушнер сака да гради одморалиште

Tea Dimkovska

Уставен суд: Не нè користете за дневнополитички пресметки и политички притисоци

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе