Вести Македонија Топ вести

Романец се загубил на Матка па бил пронајден од ЦУК

Вчера во вечерните часови Романец се изгубил на Матка, по што го повикал итниот број за случаи.  Центарот за управување со кризи го примил повик од странскиот државјанин кој се изгубил при самостојно движење во реонот на Матка, во близина на пештерата Врело, на подрачјето на Општина Сарај.

„Веднаш по приемот на пријавата, ЦУК ги презеде сите неопходни активности и ги извести Министерството за внатрешни работи (ЦИК Скопје), Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст на Република Северна Македонија, со барање за нивно вклучување во потрагата“, стои во соопштението на ЦУК.

Лицето било во постојан контакт со надлежните служби кои успеале да го лоцираат. Континуирано му давале насоки на движење со цел полесно да биде пронајден.  Во потрагата, со теренско возило, активно се вклучи и директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, како поддршка на полициските екипи.

Странскиот државјанин бил пронајден во утринските часови, а истиот били видно испаничен и дезориентиран, со знаци на стабилна здравствена состојба. По пронаоѓањето бил пренесен во Полициската станица Сарај, каде што Министерството за внатрешни работи презема понатамошни мерки согласно своите надлежности, имајќи предвид дека станува збор за лице од друга држава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бизнисмен од Мајами баран во Албанија поради наводно перење пари е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде зетот на Трамп Кушнер сака да гради одморалиште

Tea Dimkovska

Уставен суд: Не нè користете за дневнополитички пресметки и политички притисоци

Tea Dimkovska

Ненадејно почина републичкиот сенатор Линдзи Греам

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе