Македонија е со најниска инфлација во регионот, СДС се обидува да шири паника, но бројките ги демантираат тврди владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Тие во соопштението наведуваат дека опозициската СДСМ секојдневно шири невистини и се обидува да создаде чувство на економска несигурност, и покрај како што велат официјалните податоци кои ги демантираат нивните тврдења.
„Бројките и податоците јасно покажуваат дека Македонија има најниска инфлација во регионот. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни изнесува 3,4 проценти, а во однос на мај е намалена за 0,5 проценти. Тоа се официјални факти“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат дека инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува само 2,5 проценти, а кај облеката и обувките 2,1 процент. Категории кои според нив директно влијаат врз семејниот буџет и животниот стандард на граѓаните.
Дополнително во соопштението доставуваат табела за инфлација во регионот каде Македонија се на прво место според стапката.
- Македонија – 3,4%
- Словенија – 3,6%
- Грција – 3,9%
- Хрватска – 4,5%
- Бугарија – 5,6%
- Турција – 32,1%
За нив бројките не можат да се сокријат ниту да се релативизираат, а намалената инфлација е директен доказ дека економските политики се правилно поставени и дека се води одговорна грижа за стандардот на граѓаните.
