Вести Економија

Шенген системот за влез и излез предизвика хаос на аеродромите, се чека по три часа

Хаос на аеродромите предизвика имплементацијата на Шенген системот за влез и излез, кој започна на 12 октомври 2025 година, посебно во периодот на зголемени гужви. Патниците чекаат и по три часа за да ги поминат сите процедури. Аеродромските служби предупредуваат дека доколку системот не се стабилизира до почетокот на јануари, многу тешко ќе биде да се реализира обврската за зголемувањето на прагот за регистрација на 35% од 9 јануари, хаосот на аеродромите ќе биде уште поголем, а довербата на патниците драстично ќе се намали.

Сегашниот праг на регистрација на патниците е 10%.

Европскиот оддел на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) ги повика Европската комисија, eu-LISA, Фронтекс и земјите-членки на Шенген итно да се справат со растечките оперативни проблеми со имплементацијата на Шенген системот за влез и излез (EES) или да ја обезбеди поголема флексибилност при неговата примена до целосното воведување на сите аеродроми.

Оттаму велат дека, прогресивното зголемување на регистрацијата и снимањето на биометриски податоци од државјани на трети земји кои влегуваат во Шенген зоната резултира со зголемување на времето за обработка на граничната контрола на аеродромите до 70%, со време на чекање до три часа во периодите на најголем сообраќај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе