Вести Македонија Топ вести

Марјан Калевски во Топ Тема: Новиот план против загадувањето кој го најави Советот на Град Скопје ќе чини 75.000 евра

Советот на Град Скопје ќе прави нов план, зошто оваа најава ја доживеавте како обид за маргинализирање на граѓанскиот сектор, на ова прашање во вечерашната Топ Тема Марјан Калевски од Зелен Хуман Град рече дека „цело време ние сме во период на изработка на некаков план, разбираме дека треба да се има план за преземање на мерки против загадувањето но, многу такви документи се препишувани едни од други со застарени информации и немаат никаква тежина туку само стојат во фиока и никој ништо не презема“.

  • Друго, ние со години поднесуваме во Град Скопје мерки против загадувањето на воздухот некои беа усвоени од претходниот совет но ништо не се спроведе. Многу големи пари се трошат на тие планови, еве новиот документ од стотина страници ќе чини 75.000 евра. Нека ги земат мерките кои ние им ги предлагаме и нека ги спроведат. Ова се мерки на кои ние сме работеле со години и сме истражувале на терен без бирократски процедури. Овие 35 мерки ги испративме до советот на почетокот на месецот и немаме никаков одговор, рече Марјан Калевски – Зелен Хуман Град во вечерашната Топ Тема на Телма.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали треба да се случи убиство? – Меланија од Куманово бара заштита од семејно насилство

Tea Dimkovska

Левица најави последен обид за консензус околу Изборниот законик – утрешниот ден е краен рок за да се постигне

Tea Dimkovska

„Охридско лето“ започнува со настап на светските оперски ѕвезди Ермонела Јахо и Чарлс Кастроново

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе