Жител на општина Аеродром уште во 2020 поднел тужба во Управниот суд против Владата, Министерството за животна средина и Инспекторатот затоа што не преземале дејствија и не обезбедиле услови за здрава животна средина, право загарантирано во Уставот.
Управниот суд годинава ја задолжил Владата да донесе Национален план за заштита на амбиентниот воздух, но не утврдил повреда на правото на животна средина како што барал тужителот.
Овој предмет сѐ уште не е правосилен како и уште еден што партнерски го водат невладината Центар за истражување и правни анализи со адвокати.
Поттик за охрабрување и придвижување беше и начелниот став на Врховниот суд донесен во октомври лани, но за сега немаат позитивен судски исход во тужбите за загадување.
Ако не добијат правда овде ќе тужат и пред ЕСЧП. Поранешната судијка во судот во Стразбур, а сега во Врховнот суд Мирјана Лазарова Трајковска ја истакнува богата судска пракса на ЕСЧП.
Од свлечиште кое настанало од сечење на шумите, до предмети за загаден воздух. Кај нас за еколошката правда треба поголема активност.
Во Стразбур се селат и дел од битките што ги водеа правниците пред граѓанските судови во земјава. Таму веќе е и оној за дивата струшка депонија поддржан од македонското Здружението на млади правници.
Елена Ивановска Мукоска
