Вести Свет

Земјоделците во Франција се закануваат со нови протести

Синдикатите на земјоделците во Франција соопштија дека не се задоволни од писмото на премиерот Себастијан Лекорну, во кое тој го објаснува државниот план за решавање на здравствените проблеми кај говедата на фармите, и најавија дека ќе продолжат со протестите.

Во писмото од речиси пет страници, Лекорни ја објаснува здравствената стратегија за борба против нодуларен дерматитис, која подразбира уништување на целата погодена фарма, пренесува Фигаро.

Откако во летото ја опустоши Савоја и се прошири во регионот Жира, болеста стигна на југозападот на земјата кон средината на октомври, предизвикувајќи огорченост во сиромашниот земјоделски регион кој веќе беше погоден од низа последователни кризи.

Елиминирањето само на добитокот што покажува симптоми претставува голем ризик за ширење на вирусот, изјави Лекорни.

Тој го зголеми износот на фондот за итни случаи од 10 на 11 милиони евра, наменет за најмалите фарми.

Рурална координација и Конфедерација на земјоделци се против целосното уништување на стадата.

Франсоа Валрае, генерален секретар на „Рурална координација“, ги нарече најавите „слаби“ и побара владата да го преиспита протоколот за уништување. Тој повика на привремена пауза за време на Божиќ, но со закана за масовна мобилизација во јануари доколку нема напредок.

Националната федерација на синдикати (FNSEA) бара и гаранции за европскиот данок на јаглерод кој се применува на ѓубривата.

Организацијата „Млади земјоделци“ најави поединечни акции со „големо влијание“, но без целосни блокади на патиштата до Божиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД извршија напади врз Иран седма ноќ по ред – Иран се закани со „целосна офанзива“

Igor Trajkov

Нов археолошки локалитет кај тетовско Стенче – најдени монети и керамика од 4 век

Igor Trajkov

Брисел алармира за притисоци врз судството – власта со нови критики, опозицијата обвинува за заробени институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе