Вести Свет

Воената помош за Украина ја ослабува ЕУ наместо да ја зајакнува, тврди Орбан

Финансирањето на Украина и испраќањето воена помош во земјата за продолжување на конфликтот со Русија само ја ослабува Европската Унија, наместо да ја зајакнува, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Лидерите на ЕУ не успеаја да ги премостат разликите околу замрзнатите руски средства на самитот на Европската Унија, но се согласија да ѝ обезбедат на Украина голем бескаматен заем за покривање на нејзините воени и економски потреби во следните две години.

Проблемот денес е што со секоја нова одлука се ослабуваме себеси наместо да се зајакнуваме. Украина не додава сила на Европа, само ја одзема. Не треба да ја финансираме украинската армија, не треба да ја зајакнуваме Украина, туку треба да ги зајакнуваме армиите на земјите што се наоѓаат западно од Украина. Треба да ги зајакнеме армиите на земјите од Европа за Европа, рече тој на состанокот со активисти на унгарската владејачка партија Фидес во Сегед.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД извршија напади врз Иран седма ноќ по ред – Иран се закани со „целосна офанзива“

Igor Trajkov

Нов археолошки локалитет кај тетовско Стенче – најдени монети и керамика од 4 век

Igor Trajkov

Брисел алармира за притисоци врз судството – власта со нови критики, опозицијата обвинува за заробени институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе