Со вечерашниот концерт во Скопје си остварувам една своја желба да изведувам дела од композитори од Латинска Америка, за што претходно и сум немал можност онолку колку што сум сакал, вели виртуозот на пијано Симон Трпчески.
Со концертот насловен „Новогодишна латино-музичка идила“, во организација на Прагма продукција и во соработка со Македонската опера и балет, под диригентство на Сашо Татарчевски воедно започнува и одбележувањето на јубилејот 25 години блескава музичка дејност.
За овие 25 години Симон Трпчески настапи во 52 држави.
