Вести Свет

Зеленски апелира до ЕУ итно да го одобри заемот за Украина

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ги повика европските лидери итно да одобрат заем од руските замрзнати средства во износ од повеќе милијарди евра за финансирање на воените и економските потреби на неговата држава.

Според Зеленски, Украина уште неколку месеци ќе остане без средства а доколку не добие финансиска помош, тоа ќе има драстични последици за неговата држава, пред сѐ во поглед на воената подготвеност на Украина.

„Ако Украина не добие транша оваа пролет, кои доколку има мир би ги користеле за реконструкција на нашата држава, или за други приоритети, првенствено производство на дронови, доколку војната продолжи. Ако Украина не ја добие оваа транша, производството на дронови ќе се намали повеќекратно“ – изјави Зеленски.

Најголем дел од руските замрзнати средства во износ од 210 милијарди евра се чуваат во белгиската клириншка куќа, „Евроклир“. Токму заради овие причини и евентуалните руски против-мерки, Белгија е најгласниот противник на идејата да се користат овие средства како еден вид „заем за репарација“.

Со зборовите на премиерот на оваа држава: „ако скокаме, сите треба да скокаме заедно“.

„Различен пристап за средствата кои се чуваат во Белгија и оние кои се држат во другите земји на Европската Унија, драстично ќе го зголеми ризикот од руски контра-мерки насочени против Белгија. Тоа исто така е неприфатливо. Ако скокаме, сите скокаме заедно. Белгија нема да прифати решение кога само ние ќе се справуваме со ризиците и одговорноста“ – посочи белгискиот премиер, Барт де Вевер.

Самитот во Брисел на кој Европската Унија и лидерите на нејзините земји членки, по повеќемесечните превирања треба да одлучат дали и како ќе ги користат руските замрзнати средства, доаѓа во клучен момент во речиси четиригодишната војна во Украина, предизвикана од руската инвазија.

Русија ги предупреди европските лидери да не ги користат нејзините средства. Претседателот Путин, вчера и јасно го изрази своето незадоволство, изјавувајќи дека Европската Унија е во состојба на „целосна деградација“, термин со значење многу слично на терминот „цивилизациско бришење или исчезнување“, кој во својата национална безбедносна стратегија, го употреби администрацијата на Трамп, кој продолжува да игра топло-ладно со официјален Брисел.

Но, што ќе одлучат европските лидери? Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен порача дека самитот нема заврши пред да се најде решение за проблемот, колку долго и да биде потребно да се дојде до него.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

Sonja Petrusevska

Москва прогласи двајца италијански дипломати за непожелни откако Италија протера руски аташеа под сомнение за шпионажа

Sonja Petrusevska

Граѓаните штедат, ама и се задолжуваат

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе