Вести Македонија

Внатрешни бранувања и јавни пораки: СДСМ меѓу обвинувања, метафори и политички фронтови

Еден ден откако откако социјалдемократите се прегрупираа, направија измени во раководните структури и објавија фронт на власта – нови бранувања внатре во редовите на партијата. Поранешен партиски функционер со повик за оставка до претседателот на СДСМ.

Вчерашната јавна објава полна со метафори дојде од екс-градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, преку социјалните мрежи.

Алудира на одговорност и на политички договори.

„Или си СДСМ или си тезгарош! Прашањата ќе ги поставиме после празниците. Да не се разводниме во меѓувреме. Демек, добар ви е тајмингот. Нова Година, Божиќ, ќе се заборави. Барам оставка на „претседателот” на СДСМ!“, напиша Петре Шилегов на социјалните мрежи.

Претседателот на СДСМ денеска со став – Филипче вели дека партијата „удрила во осино гнездо“ со тоа што ја откриле најголемата предавничка операција на власта.

Според лидерот на паријата, владејачката ВМРО-ДПМНЕ се обидува преку член на СДСМ да нанесе штета на партијата, иако во објавата на Филипче на социјалните мрежи не се споменува името на Шилегов.

Претседателот на партијата вели дека обидот за нанесување штета на партијата не го доживува лично туку како напад на сите членови.

„Јавно да се изнесуваат вакви работи во момент кога ДПМНЕ нè напаѓа од сите страни со цел да го замолчи нашиот глас на вистината, не е случајно. Тие пронајдоа еден од нас, послаб. Ги искористија неговите приватни проблеми, задолженоста кон одредени лица, а очигледно и уцени, за да го натераат одвнатре, од самата партија, да внесе немир во нашите редови“, напиша претседателот на СДСМ, Филипче, на социјалните мрежи.

СДСМ пред два дена направи промени во раководните структури. Во новиот Извршен одбор има и старо-нови членови, двајца потпретседатели се сменети, а генералниот и организацискиот секретар си ги задржаа функциите.

Во меѓувреме, двајца претседатели на општински организации на СДСМ си поднеле оставки од функцијата по изборот на новото раководство. Станува збор за Сашко Митовски од Крива Паланка, кој победи на локалните избори пред два месеци.

Од позицијата заминува и Методија Куновски од општинската организација на СДСМ во Битола.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе